Сиљановска Давкова за „27-ми април“: Специјално сум трауматизирана, за време на мојот мандат починаа тројца осудени!

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, за Сител го сподели своето лично соочување со последиците од настаните од 27 април и затворските услови на осудените.

Таа истакна дека се чувствува „специјално трауматизирана“ поради смртните случаи во затворите на лица кои, според неа, служеле несоодветни казни.

„Јас сум специјално трауматизирана. Причината, зошто? Бидејќи, за време на мојот мандат веќе тројца од нив починаа во затворот со драконски, а не со соодветни казни“, изјави Сиљановска-Давкова.

Таа се осврна и на постапките пред релевантните институции, посочувајќи дека постојат сериозни сомнежи за начинот на кој се воделе судските процеси и како биле одредувани казните за осудените од 27 април.

Претседателката истакна дека нејзините предлози за во Судскиот совет се докажани правници со висок етички интегритет. Таа откри дека токму тие во минатото дури и „волонтерски или про-боно“ им помагале на дел од осудените, водени од професионални и етички убедувања.