Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска истакна дека ја поддржува интерпелацијата во Собранието за членовите на Судскиот совет.
Според неа, тие се скандал мајстори.
„Одговорни членови на Судски совет веднаш би поднеле оставка по скандалите што се случуваа, а тие таму се избрани не за да бидат судски скандал мајстор туку да оневозможуваат било какво скандализирање на независната судска власт. Еве уште очекувам да бидат доблесни и да го сторат тоа“, вели Гордана Сиљановска Давкова.
Како што вели, неприфаќањето на извештајот на работата на Судскиот совет од страна на Собранието е еден чекор во нивното делегитимирање, и додава дека Собранието како орган кој ги бира судиите треба и да ги разреши.