Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска не сакаше да го открие името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер.
Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка.
„Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено…Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш“, изјави Сиљановска-Давкова.