Силен подводен земјотрес утрово ја потресе западна Индонезија, јави Асошиејтед прес.
Засега нема извештаи за сериозни штети или жртви. Земјотресот со јачина од 6 степени бил со епицентар на 48 километри југоисточно од Сингил, крајбрежен регион во провинцијата Ачех, на длабочина од 48 километри, соопшти Американскиот геолошки институт. Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика не издаде предупредување за цунами, пренесува БТА.
Земјотрес со јачина од 5,6 степени на 21 ноември минатата година предизвика смрт на најмалку 331 лице во градот Чианџур во Западна Јава, потсетува АП. Тоа беше најсмртоносниот во Индонезија од земјотресот во Сулавеси во 2018 година, во кој загинаа околу 4.340 луѓе.