Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Вануату, соопшти Американскиот геофизички институт.
Потресот се случил на околу 40 километри од селото Порт-Орли, објави Ројтерс. Неговата длабочина е 10 км.
Нема предупредување за цунами.
Вануату е островска држава во југозападниот Тихи Океан.