Силниот земјотрес однесе најмалку 39 жртви

Најмалку 37 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала кој ги погоди индонезиските острови Бали и Ломбок, пренесе „Си-ен-ен“.

Силниот потрес предизвикал локалните жители и туристите во паника да ги напуштат домовите, хотелите и рестораните.

Сите жртви биле на островот Ломбок, информира Хаџи Рум, шеф на Агенцијата за управување со катастрофи. Тој бројката на загинати ја соопшти во интервју за индонезиската телевизија „Метро“ и рече дека сите загинати биле убиени поради рушење на нивните домови.

Рум додаде дека 28 од смртните случаи се регистрирани во северениот дел на островот Ломбок. Останатите биле пријавени на други делови од островот.

Официјалните претставници не го потврдуваат бројот на повредени лица во земјотресот, изјави Рум, додавајќи дека пациентите од болниците биле преместени на отворено како мерка на претпазливост од нови, последователни потреси. Тој истакна и дека делови од Ломбок останале без електрична енергија.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 15 километри во близина на северниот брег на Ломбок, а бил почувствуван и на Бали. Само пред една недела, на Ломбок беше регистриран земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, пренесе „Ројтерс“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното