Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство во мај достигнале 63.908 денари – зголемување од 1.217 денари во однос на април.
Трошоците за храна и пијалоци се зголемиле за 954 денари и изнесуваат 22.434 денари. Со изнајмен стан, потребните месечни средства достигнуваат 79.283 денари.
ССМ предупредува дека растот на цените без државни мерки врши силен притисок врз ниските плати и бара итно зголемување на платите за работниците.