Синдикалната кошница за април изнесува 62.700 денари!

Синдикалната минимална кошница според ССМ, за април изнесува 62.691 денари, ие повисока за 836 денари од таа за март кога беше 61.855 денари.

Од Синдикатот велат поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10% даде половичен ефект.

„Денеска, за жал 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, па реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра“ стои во објавата на Синдиактот.

Во меѓувреме се доцни со објавата на владината кошничка. Наместо минимална, таа ќе е просечна и нема да опфаќа четири, туку тричлено семјство.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното