“Сите ќе изумриме во Битола”, Битола се гуши во загаден воздух

Општината информира дека на мерната станица Битола 2 е надминат прагот за информирање за концентрација на ПМ10 честички, кој изнесуваше 109 и 172 микрограми на метар кубен на 20 и 21 јануари.

Препорачано е граѓаните да го ограничат користењето возила, да избегнуваат горење отпад и да го намалат движењето на отворено.

Во анкета на ТВ Телма на прашањето како им влијае загадувањето, еден од граѓаните кои беа анкетирани изјави дека „сите ќе изумриме“.

-Страшна работа, сите ќе изумреме во Битола. Битола ќе остане град на духови. Ме пече, кашлам имам два стента, дома седам не одам никаде, денес прв пат излегувам, вели тој.

Другите граѓани кои беа анкетирани велат „имаат отежнато дишење, се чувствува печење, носат маски, чувствуваат гушење во грлото“.

Инаку, меѓу најголемите загадувачи се домаќинствата, индустријата, РЕК Битола, но и јавните установи кои користат традиционални горива како дрва, јаглен и нафта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното