Скандал: Картички на СДСМ во канцеларии во Централниот штаб како доказ за фантоми гласачи

На само два ден пред гласањето за нов лидер на СДСМ, партијата ја тресат скандали.

Имено, од фотографиите испратени до редакцијата на 4news.mk од страна на членови на партијата, во канцеларија на штаб на СДСМ, пронајдени се картички со кои се полни списокот на гласачи.

Претходно, единствената жена кандидат за претседателската позиција Славјанка Петровска преку медиумите испрати барање да не се одржат внатрепартиските избори и да се формира привремено партиско раководство.

Според неа, изборниот процес бил нефер, бидејќи еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното