Фабио Скано, генералниот советник на генералниот директор на СЗО Европа, е гостин во нашата земја. Тој се обрати на прес-конференција во Владата. Тој ја пофали Владата како се справуваше со коронавирусот, и дека мора Владата и граѓаните да си помогнат едни со други за да се спречи ширењето на Ковид-19.
„Голема благодарност што сум денеска тука, и да ја искажам благодарноста до владата што ме покани во момент кога имаме пандемија на коронавирусот. Во овој момент од канцеларијата во СЗО добив голема поддршка.
Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко. Поуката што треба да ја извлечеме е дека до ноаѓање на вакцина, не смееме да се опуштаме. Месеците кои следуваат ќе бидат значајни. Оваа моја посета е навреме. Она што гледаме низ Светот укажува дека вирусот нема наскоро да си замине, напротив, тој брзо се шири и одзема животи, и ние мора да бидеме пред него.
Прво одговорот од Владата беше силен, агилен и навремен. Импресиониран сум од посветеноста на работниците во здравството и сите останати кои неуморно работат за заштита од Ковид-19 тука во Македонија. Почнуваме со силен капацитет на тестирање, агилното пренаменување на здравствените установи за Ковид-19, како и навремена реакција во старечките домови, што придонесе да се спречи ширењето на вирусот меѓу најранливите категории.
Повторниот број на зголемен број е нешто што може да се менаџира. Ова ќе биде можно доколку власта и граѓаните си помогнат меѓусебно. Северна Македонија до недаомна беше најдобар пример за справување со коронавирусот, и повторно може да се вратат на таа позиција.
Препорачуваме да се прекине ланецот на пренесување, секој случај треба да биде згрижен и секој контакт да бидат во карантин. Ова треба да се направи целосно поддршка со локалните заедници. Треба да се следи појавување на нови случаи и податоци во реално време, и да бидеме пред вирусот, а не позади него.
Мора да се избегнуваат собири и групирања да не се дозволи вирусот да се пренесува од лице во лице. Не е само задача од Владата, туку целото општество треба да помогне. Само преку прекин на ланецот може да се сопре ширењето на вирусот“, рече Скано.
.