По успешната прва сезона на реалното шоу „Задруга“, неодамна започна и новата сезона на „Задруга 2“ кои ќе се борат за победа.
Медиумите вчера пишуваа дека нашата Елеонора влегува во втората сезона на „Задруга2“, а тие тврдења се покажаа точни, односно во синоќешното издание на „Задруга 2“, влезе и Елеонора Миљковиќ од Скопје.
Таа истакна дека влегува за да ја избрка негатвината енергија меѓу учесниците во реалното шоу.
„Не се плашам од ништо, односно единствен страв ми е ако нема храна. Јас кога сум гладна, тоа навистина е страшно. Тогаш сум нервозна и сите ме нервираат“, вели Елеонора во своето претставување пред влегувањето во реалното шоу.
Таа истакна дека има неколку идеи за „Задруга“, но објасни дека не влегува да се кара во реалното шоу.
„Ќе се трудам да бидам фер и реална кон сите“, изјави Македонката.
Елеонора исто така изјави дека и се допаѓа Адам Џогани, но дека го гледа само како брат бидејќи има добра душа.
Елеонора во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија на која покажува како патува кон Шимановици каде се реализира „Задруга“.
Инаку, Елеонора е дипломиран правник, а сега има и запишано мастер студии, но и работи како фотомодел, снима спотови и реклами.
Нема ден кога таа пропушта да ја посети теретаната, а обожува кога има и доволно време за да направи по некој третман за разубавување во козметичките салони. Најсреќна е кога ќе го заврши денот во кругот на пријателките, со чаша вино и здрав оброк.
Извор: Вистина.ком.мк

