Скопскиот аеродром станува „тивок аеродром“ од 3-ти февруари

Меѓународниот аеродром Скопје од понеделник, 3-ти февруари, ќе го воведе концептот на „тивок аеродром“, со што повеќе нема да се емитуваат гласовни најави за летови преку разгласот. Исклучок ќе биде единствено објавата за почеток на качување во авион (бординг) кај излезите.

Аеродромската управа апелира до патниците редовно да ги следат екраните и мониторите на терминалот, каде што се прикажуваат сите релевантни информации за летовите. Исто така, патниците треба да внимаваат на своите карти за качување и известувањата што ги добиваат од авиокомпаниите.

„Веруваме дека намалената бучава дополнително ќе го подобри патничкото искуство на аеродромот“, велат од аеродромската управа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното