Следува период на променливо време со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. T=15°C. P=980hPa. U=75%. V=2m/s.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови до
понеделник (10.11.) следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.