ТВ21 попладнево објави дека во пресрет на локалните избори, интензивно се водат преговори помеѓу коалициските партнери од владата, како и меѓу ВМРО-ДПМНЕ и движењето ЗНАМ, дознава ТВ21 од добро упатени извори.
Соговорниците брифираат дека се разгледува опција за соработка на локалните избори, но истовремено се отвораат и теми поврзани со можна реконструкција на Владата.
Според нашите информации, ВМРО-ДПМНЕ го побарало Министерството за правда, со оглед дека тоа моментално е во рацете на ЗНАМ. За возврат, би го отстапиле Министерството за одбрана, кое сега е раководено од ВМРО-ДПМНЕ, но под услов нов министер да биде Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово.