Словенечкиот пратеникот Фариј Крајчич од партијата ЛМШ, во словенечкиот парламент поднесе оставка откако „украл“ сендвич во продавница во Љубљана
54-годишниот Крајчич за време на седница раскажал дека на паузата за ручек заминал да си купи сендвич, но се изнервирал откако вработените си правеле муабет меѓу себе и не му посветиле внимание. Па, решил да го „тестира“ системот за обезбедување, така што излегол без да плати. Сепак, пратеникот се вратил и платил за сендвичот.
Првично, неговата приказна предизвика смеа меѓу неговите колеги-пратеници. Но, подоцна, лидерот на парламентарната група на ЛМШ, Бране Голубовиќ, ја оцени постапката на Крајчич како неприфатлива. Тој рече дека пратеникот се покајал и извинил.