Балкан

„Случајот е единствен“, вели директорот на училиштето во кое ќе учи момчето убиец Коста

„Случајот е единствен“, вели директорот на училиштето во кое ќе учи момчето убиец Коста

Основното училиште „Д-р Драган Херцог“ е единственото училиште во Србија кое се занимава со едукација на деца кои се на болничко лекување.

Министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ за Нова.рс изјави дека К.К, ученикот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, според Законот, најверојатно, основното образование треба да го заврши во „Др. Драган Херког“ училиште.

Порталот N1 во оваа прилика го контактираше директорот на ова основно училиште, м-р Зоран Алексиќ, кој рече дека ОУ „Д-р Драган Херког“ е единственото училиште во Србија кое се занимава со едукација на деца кои се на болничко лекување. и дека во случајот К.К. тоа е опција бидејќи се лекува во болница.

Тој рече и дека се уште не е познат моделот на работа со него, дека случајот е единствен и дека зависи од проценката на лекарот, како и дека тие како училиште тоа ќе го работат професионално.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни