На 30.03.2023 околу 13.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 32-годишната Б.Ј. од гостиварско село, која во гостиварската Модуларна болница со остар предмет им се заканувала на вработените и оштетила дел од внатрешниот инвентар.
Се расчистува и документира случајот и ќе следува соодветен поднесок.