Свет

Состанокот со НАТО без резултат, руската крстосувачка ракета закана за Европа?

Состанокот помеѓу претставниците на НАТО и на Русија не даде резултат во решавањето на спорот околу новата руска крстосувачка ракета, за која Алијансата тврди дека е закана за Европа, изјавил  генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Според Столтенберг еден од главните ракетни договори од Студената војна сега е во опасност и досега нема напредок. Договорот за нуклеарни сили со среден досег меѓу тогашниот СССР и САД од 1987 година забранува производство, тестирање и распоредување на копнени крстосувачки и балистички ракети со досег меѓу 500 и 5000 километри. Тој договор е столбот на европскиот безбедносен систем, зашто го ограничува ризикот од нуклеарен напад. Вашингтон и НАТО сега ја обвинуваат Русија за прекршување на договорот со развојот на ракетата 9М729, позната и како ССЦ-8. Москва негира дека го прекршува договорот, велејќи дека ракетата има досег од 480 километри.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни