Состојба на пожарите во Македонија: Активни седум, еден под контрола

На ден 21.08.2025 година, до 21:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои активни се 7, 1 под контрола и 13 изгаснати, велат од ЦУК.

АКТИВНИ: 7

1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)

2. Општина Струга: с. Подгорци (нискостеблеста шума)

3. Општина Прилеп: с. Беловодица – место викано Ливада и с. Лењиште (букова шума)

4. Општина Долнени: с. Стровија и с. Долгаец (мешана шума)

5. Општина Росоман: с. Дебреште (ниска вегетација)

6. Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума)

7. Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица – планински врв Китка (мешана шума)

ПОД КОНТРОЛА: 1

1. Општина Старо Нагоричане: с. Канарево (ниска вегетација)

ИЗГАСНАТИ: 13

1. Општина Маврово – Ростуше: с. Церово и с. Симница (нискостеблеста шума и сеча)

2. Општина Боговиње: с. Оловјане (ниска вегетација)

3. Општина Ѓорче Петров: с. Орман (ниска вегетација)

4. Општина Струга: с. Велешта и с. Белица (стрниште)

5. Општина Липково: с. Слупчане и с. Ваксинце (стрниште)

6. Општина Струмица: с. Ангелци (ниска вегетација)

7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација)

8. Општина Кратово: место викано Рашковец (ниска вегетација)

9. Општина Кичево: с. Горица (стрниште)

10. Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација и ѓубре)

11. Општина Ѓорче Петров: с. Волково (ниска вегетација)

12. Општина Гази Баба: с. Трубарево (ниска вегетација)

13. Општина Зелениково: с. Градовци (ниска вегетација)

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.