Сотировски: Најостра осуда за вандалскиот упад во манастирот Св. Наум на Попова Шапка и симнувањето на знамето

„Најостра осуда за вандалскиот упад во манастирот Св. Наум на Попова Шапка и симнувањето на знамето на Македонската православна црква- Охридска архиепископија“, напиша на друштвените мрежи претседателот на Комисијата за односи меѓу религиите Даријан Сотировски.

Тој апелираше до СВР Тетово и Јавното обвинителство веднаш да преземат сеопфатни мерки за откривање на сторителите.

„Елементите на кривичното дело од чл.319 на Кривичниот законик, Предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга основа, како и кривичното дело од чл.145 на Кривичниот законик, Неповредливост на домот, мора да повлечат одговорност“, додава Сотировски.

Сторителите мора да бидат најстрого санкционирани. Вакво поведение е недозволиво и ги подрива сите напори за градење здрави општествени односи во нашето кревко плурално општество.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното