Советникот за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајк Волц, е принуден да ја напушти својата функција, објави Ројтерс. Според Си-Би-Ес њуз, неговиот заменик, Алекс Вонг, поранешен службеник на Стејт департментот кој се специјализирал за Северна Кореја за време на првиот мандат на Трамп, исто така ќе биде ослободен.
Волц беше дел од американскиот тим што преговараше за мировен договор меѓу Украина и Русија и присуствуваше на разговорите на кои беше предложено 30-дневно примирје во Саудиска Арабија во март.
Иако околностите околу неговото заминување се нејасни, Валц рече дека ја презема „целосната одговорност“ за скандалот со протечената воена чет соба наречена „Сигналгејт“.
Потсетуваме дека главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, беше додаден во разговор на апликацијата за пораки „Сигнал“ со високи претставници на администрацијата на Трамп, каде што министерот за одбрана Пит Хегсет сподели детали за американските напади врз Јемен.
Валц последен пат се појави на американската телевизија утрово, сè уште во улога на советник за национална безбедност, зборувајќи за Украина и велејќи дека е време Русија да се донесе на преговарачка маса.