Советниците на Доналд Трамп подготвиле план за зголемување на царините за 20 отсто на увозната стока

Советниците на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, подготвиле планови за воведување царини од 20 отсто за повеќето стоки што се увезуваат во Америка, објави Вашингтон пост.

Со недели Трамп го одбележува 2 април како „Ден на ослободувањето“ за да воведе серија нови царини кои би можеле да го потресат глобалниот трговски систем, но досега понуди неколку детали, објави Ројтерс.

Тој во неделата рече дека ќе бидат наметнати реципрочни тарифи за сите земји кои применуваат царини за американски стоки, а Белата куќа вчера соопшти дека секоја земја што се однесува неправедно со Америка може да очекува да биде цел на царини.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното