Спасовски: Сите училишта се проверени, станува збор за лажни дојави за бомби

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за ТВ21 проговори за денешните дојави за поставени бомби во осум скопски училишта.

Според него, сите училишта се проверени од Одделот за антитероризам.

„Се утврди дека станува збор за лажна дојава, исто како што пред некој ден имавме во ЈСП. Обврска наша е да направиме се за да се зачува стабилноста и безбедноста“, порача Спасовски за ТВ21.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното