Спасувачите ги предупредуваат туристите дека ноќната посета на вулканот Етна ги доведува во опасност нивните животи

Туристите кои ноќе се искачуваат на планината Етна на Сицилија во патики и лесна облека за одблиску да ја видат тековната ерупција, ги ризикуваат своите животи, предупредија денеска спасувачите.

Највисокиот и најактивниот вулкан во Европа еруптираше на спектакуларен начин минатата недела, осветлувајќи го небото со експлозии и светло-црвена стопена лава, објави Ројтерс.

„Имавме голем број луѓе кои се изгубија и не можеа да се вратат поради маглата што ненадејно се појави. Ноќта надвор на овие температури може да биде многу ризично“, изјави Леонардо Ла Пика, регионален претседател на Сицилијанската алпска спелеолошка спасувачка служба.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното