Балкан

Специјални кредити за купување станови за млади луѓе во Грција

Специјални кредити за купување станови за млади луѓе во Грција

Се очекува грчката влада денеска да ги објави деталите за новата програма за заеми со речиси нула камата за купување прв дом од млади и парови до 39 години, како што најави премиерот минатиот викенд, пишува Катимерини.

Министерот за труд и социјално осигурување Костис Хаџидакис вчера изјави дека првите 500 милиони евра ќе бидат исплатени со еден потег, а целата шема опфаќа пакет мерки во вредност од 1,7 милијарди евра за повеќе од 100.000 корисници.

375 милиони евра ќе обезбеди Јавната служба за вработување и ќе бидат без камати, а банките ќе учествуваат со 25 проценти“, појасни Хаџидакис.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни