Според старите обичаи: Што означува пламенот на свеќата која ја гориме на слава

Периодот на домашните слави веќе започна, а како што е обичај на славската трпеза освен добро приготвена домашна храна место се одвојува и за свеќа и икона.

Свеќата ја пали домаќинот и ако веднаш се разгори тоа е добар знак, а ако се угаси сам од себе тоа е лош знак за целата куќа , а особено за домаќинот. Во некои краишта постои верување дека тоа претскажува дека на некој во куќата ќе му се случи нешто лошо, но тоа верување настанало кога цели фамилии живееле под еден покрив, па денес овој знак се толкува како несреќа која ќе го следи семејството цела година.

Доколку свеќата цело време „солзи“ и не гори добро тоа значи дека домашните ги мачи тага и дека ќе има уште пролеани солзи, а доколку свеќата се скрши на половина тоа пак значи дека домашните ќе имаат материјална штета.

По завршувањето на славата свеќата се гаси со вино, а според димот кој се дига над изгасената свеќа се толкува иднината.

Важно е во таа прилика да бидат затворени прозорите и да нема провев за да се исклучат надворешни влијанија. Доколку чадот се дига равно кон горе и непрекинато тоа е добар знак, а доколку криви и е испрекинат значи дека некој до домашните ќе се разболи. Ако чадот се насочи кон еден од домашните тоа значи дека токму тој ќе се разболи.