Три земјотреси рано утринава и во текот на ноќта ги погодија Нови Пазар, Крагуевац и Куршумлија.
Според податоците на Сеизмолошкиот завод, првиот земјотрес го погодил Крагуевац во 3 часот по полноќ, потоа Нови Пазар еден час подоцна и на крајот Куршумли околу 6 часот утринава.
Во Нови Пазар земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала, во Крагуевац 2,1, а најслабиот земјотрес е почувствуван во Куршумлија и бил со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала.
Силен земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди областа околу Врњачка Бања, а беше почувствуван во Краљево, Крагуево, Белград, Крушевац …
Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри, 26 километри југоисточно од Краљево и 16 километри југозападно од Трстеник.