Претседателот на Алијанса за Албанците, г-дин Зијадин Села, во просториите на Собранието на Република Северна Македонија, се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски, со кого разговараше за текот на изборниот процес и понатамошните чекори, информираат од Алијанса.
-На средбата беше потврдена заемната поддршка во вториот круг, за општините за кои имавме договор за првиот круг. Ве известуваме дека коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативата е стабилна и работиме заедно за да создадеме ново парламентарно мнозинство во многу краток период, се вели во партиското соопштение.
Оттаму додаваат дека и покрај манипулациите, притисоците, купувањето на гласови и злоупотребите, граѓаните докажале дека се против Владата, и сегашната власт веќе нема легитимитет да ја води земјата ниту на локално ниту на централно ниво.