Српска канцеларија за Косово: Уапсен работник, татко на четири деца

Канцеларијата за Косово и Метохија соопшти дека денеска е уапсен Србинот Ненад О. од Косовска Митровица и оцени дека тоа покажува оти косовскиот премиер Аљбин Курти не сака да ги смирува тензиите на северот на Косово, туку сака нови кризи.

Во соопштението се тврди дека Ненад О. е работник во комунално претпријатие и татко на четири деца и дека е уапсен на автоперална.

Курти го саботира дијалогот во Брисел и покрај пораките на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, дека Приштина мора да престане со неоснованите и произволни апсења, се вели во соопштението.

Се додава дека на Ненад О. веднаш ќе му се пружи адвокат и правна помош преку Канцеларијата за Косово и Метохија.

Курти не сака дијалог, ниту мир, туку сака да ги уапси сите Срби, да предизвика конфликти и да го запали не само Косово, туку и целиот регион, се наведува во соопштението.