Српски милионер се огласи по затворањето на профилот на Карлеуша: „Нека ни е со среќа!“

Инстаграм профилот на пејачката Јелена Карлеуша, кој беше еден од најследените на Балканот, денеска беше затворен.

Што точно се случило се уште не е целосно познато, а изминативе денови „Еко стража“ покрена петиција за затворање на профилот на музичката ѕвезда, на која луѓето на интернет можеа да се потпишат.

Денес социјалните мрежи се преплавени со објави за згаснатиот Инстаграм профил на Јелена Карлеуша, а некои познати личности веќе почнаа да се огласуваат.

Српскиот милионер Бранко Бабиќ даде свој коментар:

– Нека ни е со среќа!!! Благодарност до сите што гласаа!!!! – напиша Бабиќ во новата објава на Инстаграм каде ја објави фотографијата на Карлеуша со натпис „Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша е деактивиран“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ratkovcanin (@ratkovcanin)

Да потсетиме, пред 3 дена беше затворен и профилот на помалата ќерка на Јелена, Ника Тошиќ. Потоа се огласи и Бабиќ, кој го изрази своето незадоволство од коментарите на кои наиде на социјалните мрежи.

Бабиќ, кој на платформата на Инстаграм се потпишува како „Ратковчанин“, ја сподели фотографијата на Ника со својата мајка, залепувајќи на неа ужасен коментар од девојка што го шокираше.

– Само сатаната може да испрати ваква порака на дете – напишал, а коментарот што го добила Ника гласел: „Дали ти и мама јадете сендвичи во Дубаи“

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното