Сојузот на синдикати на Македонија денеска побара зголемување на минималната плата за 6.000 денари.
Како што велат, ваквиот предлог ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците.
„Апелирам до Владата и работодавачите да го прифатат предлогот на ССМ, а пратениците, како што беа сложни за нивните патни трошоци, да гласаат за дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари што ќе значи и дополнително зголемување на сите остантати плати на работниците во Македонија. Ние не правиме упад во даночната политика, напротив. Со тоа што ќе добиеме зголемени плати нема да заминеме во банките за да ги штедиме тие средства што сме ги добиле како зголемување, туку со нив ќе ги купиме основните прехранбени производи кои се даночат со стапка од 5, 10, 15 или 18 отсто и на таков начин“, нагласи Трендафилов.
Како што порача, дошло време да се бира дали сте за или против работниците.
„Вашето бирање дали сте за или против работниците значи во кој правец ССМ ќе ја креира политиката. Ако некој одлучи да биде безобразен, ќе бидеме двојно безобразни, ако некој одлучи еднострано да ја отфрли иницијативата или предлогот за зачувување на животниот стандард на работниците, еднострано можеме да донесеме одлука за штрајк“, порача Трендафилов.