Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска треба да достави предлог за минимална плата од 500 евра (30 илјади денари) до Владата.
Тие очекуваат работодавачите да покажат добра волја и ќе го прифатат нивното барање, а Владата да ја одигра клучната улога и да ги субвенционира придонесите за разликата од 24.400 до 30.000 денари.
Работодавачите се согласуваат со ова барање, но од Владата велат дека такво нешто не е во нивна агенда.
Минималната плата овој месец треба да се усогласи, а доколку тие не се договорат истата ќе изнесува околу 24.400 денари, односно би имало зголемување од околу 1.800 денари.
Минималната плата моментално изнесува 22. 567 денари.