Американскиот Стејт департмент ги оцени како неразумни и како обид за дезинформација и пропаганда, обвинувањата на Русија дека САД се инволвирани во неодамнешното гласање во Парламентот на Република Македонија со кое се даде зелено светло за отпочнување со уставните измени во земјата.
– Секое тврдење дека претставници на Американската амбасада биле инволвирани во процесот на гласање во Парламентот се неразумни и лажни. САД ја поздравуваат одлуката на македонскиот Парламент да ги започне уставните промени неопходни за имплементација на Договорот од Преспа со Грција. САД веруваат дека Преспанскиот договор е историска можност за промоција на стабилност, безбедност и просперитет во целиот регион, изјавил портпарол на Стејт департментот на брифинг во Вашингтон на прашање на грчки новинар, пренесува АНА-МПА.