Столтенберг: Нема да дадам совет на друга организација, мое е да ги организирам само состаноците на НАТО

Италијанска новинарка попладнево на прес конференција во рамки на НАТО самитот упати прашање до генералниот секретар Јенс Столтенберг во врска со одржувањето на министерски состанок на ОБСЕ во Скопје и доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи.

Новинарско прашање: Поголемиот дел од присутните министри денеска ќе патуваат во Скопје, велам најмногу затоа што на пример балтичките земји и Украина. Велат дека нема да учествуваат на министерството поради очекуваното присуство на г-дин Лавров. Сакав само да ве прашам дали ова прашање навистина се појави денеска во дискусиите и дали вие лично сметате дека тоа е соодветно за господинот Лавров, да патува токму сега во земја на НАТО.

„Па, ОБСЕ е да ги организира нивните состаноци. ОБСЕ игра важна улога многу години. Сојузниците на НАТО се како поединечни земји членки на ОБСЕ и ОБСЕ е да ги организира нивните состаноци. Така да немам никаков совет да дадам на друга организација. Моја одговорност е да организирам состаноци на НАТО, а потоа ОБСЕ да ги организира нивните состаноци“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Денеска, министрите за надворешни работи разговараа за одвраќањето и одбраната на НАТО, поддршката за Украина. Mинистрите изразија загриженост и за војната на Блискиот Исток.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното