Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, апелира јавноста да не го злоупотребува случајот со стомачните тегоби кај учениците од ОУ „Димо Хаџи Димов“.
Тој изјави дека и самиот последниве денови има слични симптоми, но нагласи дека е важно институциите да ги завршат анализите пред да се извлекуваат заклучоци.
„Не ширете паника, почекајте резултати,“ порача Лукровски.