Според наредбата на Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA), која стапи на сила денес, стотици летови беа откажани низ САД, поради рекордно долгото затворање на владата, кое трае 38 дена, пренесува АП.
Авиокомпаниите почнаа да откажуваат летови вчера, во исчекување на официјална наредба од FAA, а откажувања на летови се планирани и за викендот.
FAA објави дека намалувањето на бројот на летови првично ќе се однесува на 40 аеродроми и ќе изнесува четири проценти од вкупниот број летови во САД, а ќе се зголеми на десет проценти од откажаните летови до 14 ноември.