Повеќе од 30 лица се повредени при уривање на таванот во хотел во градот Сарикамис во североисточна Турција, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа.
Несреќата се случила вчера, а при уривање на таванот се повредени 32 лица.
Коџа на „Твитер“ објави дека девет повредени се префрлени во болница.