Балкан

Страшни фотографии во Хрватска: За чудо ја преживеаа страшната несреќа

Страшни фотографии во Хрватска: За чудо ја преживеаа страшната несреќа

Полицијата откри нови детали од сообраќајката на Пељешац, Хрватска.

Ова е прва несреќа кај мостот со повредени. Интервенирале и пожарникарите на хрватските автопати кои ја обезбедувале таа делница.

Во тешка сообраќајка кај Пељешкиот мост, по верижен судир, еден возач е повреден.

Две возила се судрија во Пељешац на вијадуктот Думања Јаруга во петокот околу 23 часот и 50 минути, потврди дубровничко-неретванската полиција.

Сообраќајот бил во прекин, а возачите биле извадени од возилото и им била укажана прва помош.

Како што дознаваме, едното возило е со британски, а другото холандски таблички.

Возило со британски таблички управувано од државјанин на Албанија, преминало на спротивната лента по што возилото со холандски таблички удрило во него.

Државјанинот на Албанија со полесни повреди бил пренесен во дубровничката болница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни