СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВО: Поплави, паднати дрвја, бандери, столбови, оштетени куќи, автомобили!

Невреме во Скопје и Куманово предизвикано од интензивна нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град имаше правец на движење од западниот кон источниот дел од градотСкопје. Околу Скопската котлина и околу Куманово имаше неколку развиени јадра на невремето, различни по интензитетот, силината, информираа од УХМР во ЦУК.

На Единствениот повикувачки број за итни случаи, заради налетите на невремето, се добиени повеќе пријави, а и се уште се добиваат од Тетовско, Скопско и Кумановско за поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови,оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили и слично, како на пример:

– пријава за поплавена куќа од невремото ви Тетово, Граѓанинот информира дека се обидуват со пумпи да ја испупмуват водата но не се во можност бидејќи има премногу вода.
– известување за лимен кров кој преставува опасност да падне и да направи сериозен проблем на ул. 23 Октомври спроти зграда бр.15 (зелена фасада).
– пријава за поплавено куќа од неверемето на ул.Народна револуција во Куманово.
– пријава за паднато дрво во клучката Радишани према Бутел и ја прекинува собраќајот
– во 20:30 часот добиена е пријава за откачен олук на бул.АСНОМ бр.12, поради јак ветер кој што претставува опасност и загрозување на безбедноста, во кој што пријавителите во моментот на јавување го држеле на нивната балконска тераса за да не падне и направи штета.
– пријава за поплавен подрум како последица на канализација од настанатото невреме на улица 84 во Скопје

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното