Спортската сала „Нико Нестор“ во Струга со години се соочува со проблеми со прокиснување, при што водата од кровната конструкција продира директно на теренот.
Овој објект го користат учениците од средното стручно училиште „Нико Нестор“ и спортските клубови од Струга за тренинзи и натпревари.
Граѓани преку платформата „Пријави корупција“ на редалцијата СДК.мк алармираа дека при обилни врнежи, пред часовите по физичка култура, подот мора да се суши, додека спортските клубови често ги откажуваат своите активности или бараат алтернативни локации. Особено е проблематично навечер, кога мора да се вклучат рефлекторите, поради што постои ризик од струен удар или пожар.
Тие кажуваат дека објектот е стар повеќе од 30 години и досега нема никакви зафати за негова санација.
Прочитајте го целиот текст на СДК.МК.