Балкан

Студентите од Србија во 24-часовна блокада!

Студентите од Србија во 24-часовна блокада!

Од денеска во 10 часот ќе има 24-часовна блокада на Автокоманда, односно клучката кај Франш Д’Епере. Освен еден инцидент, блокадата се одвива во позитивна атмосфера со различни спортски и социјални активности.

Студентите ги повикаа граѓаните да им се придружат и изјавија дека смените ќе траат по четири часа. Тие апелираа до сите да се придржуваат до договорените правила и да ги почитуваат упатствата на редарите. Студентите побараа од граѓаните да не излегуваат на автопатот, како и на трамвајските шини.

Едната граница на блокадата ќе биде кај Факултетот за ветеринарна медицина, другата кај самиот кружен тек Автокоманда, кој ќе остане отворен за сообраќај.

„Ќе имаме шатори и греалки, како и некои активности како чајна забава со ученици, мини фудбал, турнири во шах и многу други“, наведуваат во соопштението.

Во 11:52 часот, 15 минути молк за жртвите од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Првата претстава беше готвење со учениците, потоа во 16:00 часот се одржа блок-кошарка, а во 18:00 часот се очекува да пристигнат работниците и да се обратат пред насобраните.

Во 20:00 часот ќе се организира читање на студентските барања, меѓу кои се утврдување одговорност за несреќата како и гонење на сите кои ги нападнаа студентите на претходните собири.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ во недела навечер најави дека полицијата ќе го пренасочува сообраќајот на Автокоманда.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни