Судот одлучува за барањето за амнестија на обвинетите од „Организатори на 27 април“

Основниот Кривичен суд денес ќе одлучува за примената на Законот за амнестија за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ – Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Трајко Вељановски. Јавното обвинителство во декември минатата година изнело мислење, по кое тројца од обвинетите може да бидат амнестирани, додека за еден не важат условите за примена на законот.

Обвинетите побарале амнестија, тврдејќи дека имаат право на еднаков третман како и другите осомничени кои веќе добиле амнестија. Судот ќе одлучи без изведување нови докази, а процесот го води судијата Илија Трпков, со јавната обвинителка Искра Хаџи Василева како застапник на обвинението.

Претходно, Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда и го врати предметот на повторно судење.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното