Светот го слави Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.
На денешен ден пред 80 години, советските трупи ги ослободија неколкуте преживеани од концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во Полска.
Нацистите депортираа над 1 милион луѓе во логорот, а повеќето од нив беа убиени.
Монструозните последици од Втората светска војна послужија како поттик за создавање на Обединетите нации.
Во 2005 година, 27 јануари беше избран како ден во чест на жртвите на холокаустот.