СВЕТОТ РУШИ РЕКОРДИ, МАКЕДОНИЈА „ВО ЛЕР“: ЕТФ-фондовите вртат билиони, кај нас ниту еден на повидок

Додека глобалните пазари на капитал ја завршуваат 2025 година со историски бројки, македонската берзанска приказна останува заглавена во минатото. Светот и регионот уриваат рекорди во тргување со ЕТФ-ови (Exchange Traded Funds), а во Македонија сè уште се чека на отворањето на првиот ваков фонд, со голема неизвесност дали тоа воопшто ќе се случи и во новата 2026 година.

Јазот помеѓу развиените пазари и домашниот никогаш не бил поочигледен како сега, кога овој популарен инвестициски инструмент привлекува незамисливи суми на капитал.

САД: Година на апсолутни рекорди

Повикувајќи се на податоци од „Блумберг њуз“, 2025 година ќе биде запишана како „златна година“ за американската ЕТФ индустрија, која сега тежи вртоглави 13 билиони долари.

Статистиката за 2025 е импресивна:

  • Прилив на пари: ЕТФ-овите котирани на берзите во САД привлекле 1,4 билиони долари свеж капитал, соборувајќи го минатогодишниот рекорд.
  • Нови производи: На пазарот влегле над 1.000 нови ЕТФ производи, што е уште еден историски максимум.
  • Тргување: Обемот на тргување исто така достигнал ново највисоко ниво.

Македонија: Чекање на Годо

Наспроти оваа динамика, македонскиот инвеститор останува без можност да вложува во домашен ЕТФ – инструмент кој овозможува диверзификација на ризикот и следење на берзански индекси со пониски трошоци. Иако потребата за ваков производ е одамна детектирана, правните и техничките лавиринти, како и недоволната длабочина на пазарот, го одложуваат неговото појавување. Останува отворено прашањето дали 2026 ќе биде годината кога конечно ќе се скрши мразот или Македонија ќе продолжи да биде само нем набљудувач на глобалните финансиски иновации.

Секој може да инвестира во ЕТФ

Ако порано беше тешко да се купи акција или инвестира во ЕТФ фондови, денеска тоа е сосема различно. За само неколку минути може да отворите сметка на Trading 212 или Interactive Brokers и да започнете со инвеститање.

Првата и најголема платформа за инвестирање PrimeClass на Иван Ивановски нуди и бесплатна едукација како да се отвори смета и започне со инвестирање.