СЗО бара предупредување за ризик од рак да се испечати на алкохолни пијалоци

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави нови наоди за „алармантниот“ недостаток на свест за врската помеѓу консумирањето алкохол и ракот низ Европа, повикувајќи ги производителите на алкохолни пијалоци да ги истакнат опасностите за нивните производи, како што веќе прават на кутиите цигари.

Во соопштението на Европската канцеларија на СЗО се предупредува дека алкохолот предизвикува 800.000 смртни случаи низ Европа секоја година, но дека само мал дел од населението е свесно за овој ризик.

„И покрај тоа што ракот е водечка причина за смртни случаи поврзани со алкохол во Европската унија, свеста за врската помеѓу алкохолот и ракот останува алармантно ниска“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното