Тачи: Мала корекција на границата е цена за конечен мировен договор меѓу Косово и Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави на форумот одржан во Советот за надворешни работи во Вашингтон дека Приштина би требало да даде дел од територијата како цена за конечен договор со Белград.

„Ако мала корекција на границата е цена за конечен мировен договор, тогаш тоа ќе мора да биде прифатливо, рекол Тачи и повторил дека езерото Газивода, Митровица и Трепча се ресурси за кои не се преговара, и додаде дека Русија е подготвена да прифати договор кој ќе го постигнат двете страни, истакнувајќи дека и Белград е заинтересиран за постигнување договор.

„Сеопфатен мировен договор меѓу Косово и Србија ќе донесе мир на Косово, мир и стабилност во регионот и ќе има улога во трансформирање на нашето општество“, рекол Тачи.

Извор: ТВ21