Македонија

Тачи: Победничката партија да прави коалиција со СДСМ

Мендух Тачи, лидерот на ДПА вечерва во дебатната емисија на ТВ21 рече дека претпочита неговата партија да формира влада заедно со СДСМ. Тој кажа дека е убеден дека СДСМ заедно со сите коалициски партнери и со ДПА ќе имаат сигурни 62 пратеника.

ТВ21: Разбрав дека не мислите оти Вие можете да бидете заменик на г.Зибери, тогаш остануваат две опции – г.Заев или г.Мицкоски. Чиј вицепремиер ќе бидете?

ТАЧИ: Транспарентно, фер и отворено. Не исклучувам никаква можност, бидејќи и јас можам да згрешам во одреден момент, но се борам да не лажам. Ќе бидам транспарентен. Јас би претпочитал партијата со која раководам по овие избори да формира Влада заедно со СДСМ. Јас сум целосно сигурен дека СДСМ со сите коалициски партнери, заедно со ДПА, уште денеска имаат сигурни 62 пратеници. Верувам дека овој број до денот на изборите ќе се зголеми и ќе достигне до 65. Кои се причините…

ТВ21: Вие заедно со кого? Велите заедно со СДСМ и останатите. Кои се тие останати?

ТАЧИ: Партнерите кои се во коалиција со СДСМ.

ТВ21: Да, но кои се тие партии? ДУИ е коалиционен партнер….

ТАЧИ: Не, не, партнер на изборната коалиција. Станува збор за неколку македонски партии, а тука е и Беса.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни