Тајланд обезбеди бесплатен јавен превоз во Бангкок

Тајландските власти одлучија од денеска да обезбедат бесплатен јавен превоз во Бангкок за седум дена, во обид да го намалат високото ниво на загаденост на воздухот што ги затвори училиштата во градот.

Оваа мерка им овозможува на патниците бесплатно да користат автобуси и електрични возови во главниот град, пренесува АП.

Властите се надеваат дека овој потег ќе го намали бројот на приватни автомобили на улиците, еден од клучните фактори кои придонесуваат за зголеменото загадување.

Премиерката на Тајланд, Паетонгтарн Шинаватра, на својот Фејсбук профил ја изрази својата загриженост за загадувањето.

Таа нагласи дека Владата е целосно посветена на решавање на проблемот.

Меѓу факторите кои се наведуваат како причини се емисиите на гасови од автомобилите и фабриките, како и прашината од градилиштата.

Според податоците на комерцијалниот мониторинг сервис „IQAir“, Бангкок денес е рангиран како 13-ти најзагаден град во светот, со квалитет на воздух кој е класифициран како „нездрав за секого“.

Претходно беше меѓу 10-те најзагадени градови во светот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното