Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил напиша дека е горд на излегувањето на партијата од Владата.
Како што вели, партијата била посилна од кога било, иако некои се обидувале да ја прикажат како поделена.
Тој вели и дека ќе победат на локалните избори во октомври.
„Горд сум на секој од вас што е дел од Алијансата за Албанците, горд сум на сите вас што цврсто стоевте при нашето излегување од Владата. На оние кои се обидуваат да нè прикажат како поделени, ви велам – вашата серија не е успешна, гордо сме посилни од кога било. Не заборавајте ние сме победниците во октомври“, напиша Таравари.